Воена вежба на американската морнарица во Јужното Кинеско Море

Американски борбен авион Ф-18 полета и слета на носачот на авиони „Теодор Рузвелт“ во Јужно Кинеско Море, а летот траел 20 минути.

134

Американски борбен авион Ф-18 полета и слета на носачот на авиони „Теодор Рузвелт“ во Јужно Кинеско Море, а летот траел 20 минути.

Станува збор за рутинска вежба во Јужното Кинеско Море, во кое често изведуваат вежби Кина, Јапонија и морнариците на другите азиски земји.

– Видовме кинески бродови околу нас. Тие се една од морнариците кои дејствуваат во Јужното Кинеско Море, а можам да кажам дека не видов ништо освен професионална работа, изјави командирот на јуришната група адмирал Стив Коен.

Морнариците на земјите од регионот на западен Пацифик, вклучувајќи ја и Кина и уште девет азиски држави, работат на законик за непредвидени средби на море, со цел да се избегнат судири.

Американскиот носач „Теодор Рузвелт“ стаса во Јужното Кинеско Море по големите воздушни и морнарички вежби на Кина.

ФОТО: wikimedia

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...