Британката Лаура Тобин ги изненадила гледачите на емисијата „Good Morning, Britain“, кога во текот на временската прогноза се појавила со својата ќерка.
Јавноста била воодушевена од оваа нејзина постапка. Таа претходно во емисијата зборувала колку им е потребна поддршка на родителите чии деца се родени предвреме, меѓу кои и нејзината 11-месечна ќерка Шарлот. Исто така, нагласила дека е многу непристојно да им се праќаат честитки на родителите кога тие се постојано во болница, над инкубаторите и чекаат нивното дете да преживее.
Токму како некоја која го поминала тоа, решила на крајот од емисијата да излезе со својата ќерка и да им соопшти на Британците какво ќе биде времето.