„Водафон“ го презема „Либерти глобал“ во четири европски земји

210

Британскиот телекомуникациски гигант „Водафон“ ќе го преземе сопствеништвото на „Либерти глобал“ во Чешка, Унгарија, Романија и Германија. Договорот е вреден 18,4 милијарди евра.

„Водафон“ како што е соопштено, ќе го преземе „Јунајтимедија“ во Германија, како и УПЦ во Чешка, Унгарија и Романија.

Трансакцијата, како што истакнуваат од „Водафон“, ќе и помогне на компанијата да стане „водечка мрежа на следната генерација во Европа“, чиј опсег опфаќа 110 милиони домаќинства и фирми.

– Компанијата е посветена на забрзување и продлабочување на инвестициите во мобилната и фиксната телефонија на наредните генерации – изјави извршниот директор на Водафон Груп, Виторио Колао.

Со договорот е предвидена готовинска исплата од 10,8 милијарди евра на „Либерти глобал“ и покривање на долгот на компанијата во износ од 7,6 милијарди евра.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...