Воведена втора смена на Фитосанитарната инспекција на терминалот во Кавадарци

Првата смена на инспекцијата ќе биде од 08 до 16 часот, од 18 до 24 часот втора смена, а во сабота и недела фитосанитарната инспекција ќе работи од 19 до 24 часот.

75

Фитосанитарната инспекција на терминалот во Кавадарци почнува со работа во две смени, одлучи Државниот инспекторат за земјоделство.

Одлуката е донесена како одговор на барањата на бизнис заедницата за овозможување брз и непречен извоз на земјоделски производи, а во овој период е особено важна за извозот на грозјето.

Согласно одлуката, првата смена на инспекцијата ќе биде од 08 до 16 часот, од 18 до 24 часот втора смена, а во сабота и недела фитосанитарната инспекција ќе работи од 19 до 24 часот.

– Воведувањето на сменското работење на терминалот Кавадарци е уште еден показател за политиките на МЗШВ во делот на создавање поволни услови за бизнис заедницата и ќе значи надминување на административните бариери со кои се соочуваат правните субјекти кои извезуваат грозје – напиша министерот за земјоделство, Трајан Димковски на својот фејсбук профил.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...