Внук на Меган Маркл фатен со нож пред бар во Лондон

404

Внук на војвотката од Сасекс Меган Маркл се обидел да влезе вооружен со нож во бар во Лондон, а во своја одбрана се правдал дека го понел ножот затоа што претседателот Доналд Трамп рекол дека Лондон е опасен град, објави „Дејли Меил“.

Тајлер Дули (25) е легален одгледувач на марихуана во Орегон, САД, и е син на Томас Маркл, брат на новата британска принцеза Меган Маркл. Тајлер не бил поканет на свадбата на принцот Хари со Меган, која има крајно влошени односи со голем дел од семејството, но сепак допатувал во Британија за да има настапи на британските телевизии.

– Го понесов ножот бидејќи Трамп рече дека Лондон е како воена зона. Само сакав да се заштитам, изјавил Тајлер кога обезбедувањето во ноќниот клуб Бахус во Лондон го открило неговиот нож.

Неодамна, претседателот на САД изјави дека Лондон е опасен град и е практично воена зона, поради честите напади со ножеви.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...