Внуката на Мусолини го нападна Џим Кери поради карикатурата на нејзиниот обесен дедо ФОТО

Мусолини и Петачи биле погубени на 28 април 1945 година откако ги уловиле антифашистичките борци.

494

Италијанската политичарка Алесандра Мусолини, внуката на Бенито Мусолини, го нападна актерот Џим Кери на Твитер откако тој споделил карикатура на која нејзиниот дедо е обесен со својата љубовница Кларета Петачи.

Џим Кери ја објавил карикатурата во саботата, со коментарот: „Ако се прашувате каде води фашизмот, само прашајте ги Бенито Мусолини и неговата љубовница Кларета.“

„Ти си копиле“, му порача Мусолини откако дознала за неговата објава.

Мусолини и Петачи биле погубени на 28 април 1945 година откако ги уловиле антифашистичките борци. После поразот на фашистичките сили, Мусолини со љубовницата тргнал за Швајцарија од каде сакале да се упатат за Шпанија. Откако биле убиени, комунистите нивните тела ги обесиле наопаку во Милан и му дозволиле на народот да се изживува со нив.

 

ФОТО: Принтскрин/Твитер

ФОТО: Wikipedia

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...