Внуката на Лејди Дијана заштитно лице на Булгари

Лејди Кити Спенсер, внуката на Лејди Дијана, откако се појави во рекламна кампања на Долче и Габана, е ново заштитно лице и на брендот Булгари.

365

Лејди Кити Спенсер, внуката на Лејди Дијана, откако се појави во рекламна кампања на Долче и Габана, е ново заштитно лице и на брендот Булгари. Се работи за нова колекција накит и очила за сонце.

Кити е ќерка на Чарлс Спенсер, помлад брат на принцезата Дијана. Иако не може да има никаква улога во кралското семејство, таа фактички е прва братучетка на принцовите Вилијам и Хари, со кои е во доста добри односи.

На фотографиите од последната рекламна кампања на Булгари, девојката со сина крв изгледа заводливо, грациозно, волшебно… Токму како и нејзината тетка.

ФОТО: Инстаграм

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...