Витаминот Ц е еден од најважните витамини кој е неопходен за заштита од многу болести, но доколку претерано се внесува во организмот, има и свои токсични дејства.
Освен за јакнење на имунитетот, витаминот Ц ја поттикнува апсорпцијата на железо и калциум, помага кај алергии, олеснува симнување на килограмите и е важен за добар вид.
Оние чија исхрана е богата со витамин Ц се три пати позаштитени од настанување на артритис во однос на лицата кои не консумираат довопно од овој витамин.
Од друга страна, земањето на овој витамин во големи дози доведува до разни здравствени проблеми.
Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.
Фото: Pixabey