Поради верскиот празник Задушница денеска од 14 часот и на утре од 06 до 16 часот на гробиштата во Бутел, во Камник и во Ѓорче Петров, каде се очекува зголемен интензитет на сообраќајот, сообраќајната полиција ќе воведува посебни мерки за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
„Ги информираме граѓаните дека сообраќајот ќе се одвива во една насока (кружно), односно сите возила ќе се упатуваат по ул.Александар Урдаревски, во продолжение по локален пат за село Мирковци до влезот за гробиштата, потоа на ул.Боца Иванова и излегување од ул.Боца Иванова кон ул.„Александар Урдаревски. По потреба, сообраќајот ќе биде пренасочен и на гробиштата Ѓорче Петров по ул.Црногорска, а на гробиштата Камник – по ул.Јужноморавски бригади и ул.Роман Каскалиевиќ“, соопштија од МВР.
Оттаму апелираат го граѓаните да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полицајците и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, како и сообраќајната регулатива за променетиот режим на сообраќај.