Внимание, лилјаци на патот!

112

Босна и Херцеговина е првата земја во светот со сообраќаен знак што ги предупредува возачите да внимаваат на лилјаци.

Центарот за спелеологија од Сараево на пат кај пештерата Пониква, помеѓу Вареш и Олово, го постави првиот сообраќаен знак на кој е претставен лилјак во лет и под кој пишува: „Намалете ја брзината, лилјаци во лет“.

Кај оваа пештера живеат два ретки вида лилјаци, кои се загрозени по модернизацијата на патниот тунел. Поради новите светилки и асфалтот, возилата се движат побрзо и сѐ почесто удираат во лилјаците во тесниот тунел, во кој летечките цицачи немаат простор да избегаат.

И тунелот е посебен, бидејќи е меѓу петте во светот што по целата должина поминува низ пештера.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...