Ново британско истражување посочува дека вниманието на таткото, особено во првите три месеци од раѓањето, има огромно значење за умствениот развој на бебето и неговите способности.
Во студијата објавена во „Инфант Ментал Хелт“, учествувале 128 мажи за кои научниците сметале дека се доволно посветени на своите деца. Со самото раѓање, како и поради доењето, мајката природно станува најзначајната личност во животот на бебето. Но, тоа не значи дека таткото треба да биде целосно исклучен од неговото одгледување.
Доколку првпат сте татко, треба да знаете дека минувањето доволно време со бебето, многу го унапредува менталниот развој.
Резултатите покажуваат дека двомесечните бебиња на татковците попосветени во бебешките игри од вообичаено, имаат подобри умствени и други вештини до другите деца.