Внимавајте: Боите за јајца може да предизвикаат алергии и надразнување на слузницата на носот

Црвена боја – Вештачката боја азорубине или Е 122 може да предизвика алергии, уртикарија или ринитис – надразнување на слузницата на носот.

138

Боите за јајца содржат состојки чии ефекти на здравјето не се познати. Во нив има додатоци или адитиви кои инаку се користат во прехранбените производи за да го променат изгледот и својствата на конечниот производ.

Така производите стануваат интересни, посебно за децата. Предизвикуваат емоции па производот ни станува попривлечен и посакуваме да го купиме.

Јајцата обично се бојадисуваат така што се ставаат во обоената вода извесно време, а постојат и поразлични начини како што е триењето. Боењето трае пократко ако бојата е поконцентрирана. Со подолго држење во бојата, повеќето бои ќе се врзат со лушпата, а може да се обои и белката.
Во некои бои прво треба да се додаде оцет, бидејќи повеќето бои подобро се „лепат“ на лушпата на јајцето во киселите течности.
По правило овие бои се излачуваат од организмот или се разградуваат, а тие разградувања може да бидат делумни па може да настанат комбинации кои може да предизвикаат различни нарушувања, како што се алергии, недостиг на концентрација, пречки во дишењето… Затоа, со боите треба да се биде внимателен.
Пред бојадисувањето јајцето прво треба да се исчисти со оцет за да се отстрани заштитниот слој на лушпата кој го штити јајцето од надворешни влијанија, како што се бактериите. Вака бојата полесно ќе се врзе за лушпата.

Инаку, Европскиот парламент во 2010 година одлучил дека на декларацијата на храната, која во себе ги има вештачките бои E 102, E 104, E 110, E 122, E124, E 129, мора да го пишува предупредувањето: „Може да предизвика нарушување во активноста и вниманието кај децата“.
Тоа е доволна причина критично да се размислува за можните опасности поврзани со користењето на тие адитиви. Меѓутоа, меѓу боите постојат и природни, како што е E 101, која е, всушност, витамин Б2 и дава жолта боја.

Природно бојадисување на јајцата:
– За кафеава боја се користи лушпата од кромид која се вари заедно со јајцата.
– Жолта боја може да се добие од куркумата, црвена од цвеклото, сина од црвената зелка, а виолетова од боровинките.
– Сината боја „од ќесичка“ не се препорачува да се користи премногу често, бидејки ја содржи вештачката боја индиготин или Е 132, кој се поврзува со можни алергии.
– Црвена боја – Вештачката боја азорубине или Е 122 може да предизвика алергии, уртикарија или ринитис – надразнување на слузницата на носот.
– Е 102 – синтетичката жолта боја е на пописот на боите за кои мора да стои предупредување дека може да предизвика нарушување во активноста и вниманието кај децата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...