Опозиционата ВМРО-ДПМНЕ најави дека секој месец ќе предлага на разгледување во Собранието по едно законско решение.
Првото законско решене, како што најави денеска портпаролот на партијата, Димче Арсовски, кое ќе го поднесат пратениците на ВМРО-ДПМНЕ е за зголемување на пензиите за 10 отсто.
-ВМРО-ДПМНЕ како одговорна партија има обврска да понуди јасен концепт за економска политика која ќе носи бенефит и за стопанството, и за работниците и за сите граѓани на Република Македонија- рече Арсовски.