ВМРО – ДПМНЕ обвинува дека Шилегов потрошил милион евра на нероден Петко ВИДЕО

723

Петре Шилегов во име на Град Скопје склучил договор за изнајмување на опрема за чистење на снег за 2020 и 2021 година во висина од 1 милион евра, рече Светлана Колариќ од ВМРО – ДПМНЕ.

Според договорот кој го потпишал Шилегов станува збор за изнајмување на 15 машини, кои имаат обврска за чистење од 40 часа месечно, се што ќе биде над тоа ќе се плаќа дополнително од страна на градот.

– Петре Шилегов наместо да ги троши парите на граѓаните за чистење на снегот кој не падна можеше да купи 5 нови машини за чистење на снег кои ќе бидат во сопственост на градот и ќе можат да бидат користени повеќе години. Шилегов не работи домаќински. Шилегов го раскрчмува едноставно градот. Шилегов и Заев се виновни за целиот криминал, корупција и рекет. Шилегов и Заев се виновни за сите порази и сите понижување кои ги доживуваме. Несоодветното трошење на парите на граѓаните ќе заврши на 12-ти април. Но по 12-ти април ќе има верувајте одговорност за се – рече Колариќ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...