Власта го партизира и полни енергетскиот сектор со нестручен кадар, обвини денеска ВМРО-ДПМНЕ.
– На само 8 дена пред техничка влада АД ЕЛЕМ распиша оглас за вработување на нови 30 лица. ЕЛЕМ не вработува инженери или други стручни лица потребни за работата на ова претпријатие, туку советници во кабинет, книговодители, раководители – реагира опозиционата партија.
Оттаму прашауваат Која е итноста на вработувањето на канцелариски персонал, за тоа да се прави пред избори!?
– Јасна е намерата. Полнење на институциите со партиски кадар и поткуп на гласачи- велат од ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ потсетува дека ова е втор оглас во последниот месец распишан од ЕСМ.
– Пред само 10 – тина дена објавен беше оглас за 200 вработувања во РЕК Битола. Додека во АД МЕПСО, другата компанија од енергетскиот сектор во државна сопственост на почетокот на овој месец беше распишан оглас за вработување на 63 лица- велат од партијата.