ВМРО-ДПМНЕ: ЕЛЕМ го мести тендерот за ископ на јаглен во РЕК „Битола“

Согласно тендерската документација – економскиот оператор во последните 3 години треба да има ископано 900.000 тони јаглен, а таква фирма во Република Македонија, според информациите со кои што располагаме, има само една,

531

ВМРО-ДПМНЕ денеска изрази сомнеж дека ЕЛЕМ ги мести условите за учество на новиот тендер на РЕК Битола вреден 320 милиони денари и побара поништување на огласот и распишување на нов со еднакви услови за учество.

Генералниот секретар на партијата Игор Јанушев на прес-конференција изјави дека тоа се потврдува со критериумите кои треба да ги исполнуваат компаниите кои ќе учествуваат на тендерот.

– Согласно тендерската документација – економскиот оператор во последните 3 години треба да има ископано 900.000 тони јаглен, а таква фирма во Република Македонија, според информациите со кои што располагаме, има само една, тоа е фирмата која важи за блиска до врвот на СДСМ – Пелистер ДОО Битола – рече Јанушев.

Според него, ако тоа е така, другите компании кои се занимаваат со оваа дејност од старт се елиминирани, а со тоа однапред се знае кој ќе го добие тендерот.

ВМРО-ДПМНЕ, додаде Јанушев, бара тедерската постапка да се поништи и да биде распишан нов оглас, со еднакви услови за учество, водејќи се од начелото на правичност и транспарентност.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...