ВМРО-ДПМНЕ вечерва ќе го блокира Центар

738

Министерството за внатрешни работи информира дека денеска од 19 часот ќе биде организиран посебен сообраќаен режим во централното градско подрачје, поради протестен марш од плоштадот ВМРО до пред зградата на Владата на Република Македонија.

– Од 19 часот е закажан протест во Скопје организиран од страна на политичка партија со релација на движење од плоштадот ВМРО, десно по улицата Даме Груев, право по улицата Васил Главинов, право по булеварот ВМРО, лево по булеварот Илинден до пред зградата на Владата на Македонија. Од тие причини ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на централното подрачје на Град Скопје во периодот непосредно пред и за време на одржување на протестот – информира МВР.

Од МВР апелираат граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...