Влатко Огненовски: Сега знам што е љубов на прв поглед

После Швајцарија и Америка, зимава, шеф Влатко Огненовски отиде да ги прошири своите активности и во Киев, ама бизнис планот падна во сенка кога пред очи му се појави Украинката Олга-која наскоро ќе стане и македонска снаа

1784

Нашиот амбасадор во светот на гастрономијата, шеф Влатко Огненовски конечно ја најде жената од соништата. Станува збор за Украинката Олга Кошченко која ја запознал во јануари годинава кога случајно се запознале во еден луксузен киевски клуб. Била тоа љубов на прв поглед.

„Отидов во Киев затоа што со мојот колега и пријател, шеф Влат Киндер, сакаме да направиме модерна украинска кујна во Киев, а лично многу ми се допаѓа овој град па сакав да ги проширам своите активности и таму. Арно ама, не ни сонував дека ова патување ќе ми го смени животот и тоа на приватен план. Со Олга, се запознавме во еден луксузен клуб во Киев и тоа беше, дефинитивно, љубов на прв поглед. Всушност, сега сфатив што точно значи ова. Во моментов сум во Киев со Олга, задутре се враќам во Скопје, а во април доаѓа и таа, па следува свадба“, вели Влатко.

Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...