Најмалку осум тони злато се изнесени минатата недела од трезорот на венецуелската Народна банка, тврдат опозициски пратеник и три извори во владата на Венецуела.
Според овие тврдења, златото било изнесено со владини возила меѓу средата и петокот минатата недела, кога во Банката немало редовно обезбедување, а директорот на институцијата Каликсто Ортега бил во странство.
– Тие планираат да го продадат златото незаконски, изјави опозицискиот пратеник Анхел Алварадо.
Централната банка засега не даде коментар на овие тврдења, а нема ни информации каде евентуално е испратено златото.