Власта го спрема тендерот за енергетскиот проект „Чебрен“

339

Промена на концептот на досегашните неуспешни тендери за енергетскиот проект „Чебрене“ и тендерска документација до крај на октомври годинава, најави вечерва вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев во интервју за МТВ.

– Концептот на деветте неуспешни тендери досега ќе го измениме. Повторно ќе го работиме со  IFC од Светска банка, но ќе направиме измени коишто ќе бидат во насока и на заштита на домашниот интерес и да биде атрактивен за инвеститорите. Тендерската документација ќе биде готова до крај на октомври, ќе биде слична на досегашната, но многу поатрактивна за инвеститорите – наведе Анѓушев.

Проектот „Чебрен“, со овој тендер што ќе биде прв на оваа Влада, како што истакна, без оглед на претходните девет или десет неуспешни, ќе биде успешен.

– Се менува малку концептот и тендерските услови за да станат поатрактивни и пазарно ориентирани бидејќи во меѓувреме се промени и пазарот на електрична енергија – укажа вицепремиерот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...