Влада: Економскиот раст лани е повисок од планираниот

178

Растот на економијата лани бил 3,6 проценти, што е повисоко од владините проекции, но и од очекувањата на меѓународните финансиски институции, соопшти денеска премиерот Оливер Спасовски на заедничката прес-конференција со министрите за финансии, за економија и за земјоделство.

Спасовски рече дека растот на економијата придонел до отворање на нови работни места и пад на невработеноста на 16,6 проценти. Тој рече дека од крајот на 2016 до крајот на 2019 година има над 76 илјади нововработени.

Министерката за финансии Нина Ангеловска нагласи дека растот на БДП е сублимат на добрите економски и фискални политики, воден со стабилизирање на стапката на јавниот долг, а задолжувањето е оправдано само ако е за инвестици.

Таа рече дека за повеќе од 13 отсто е намалена невработеноста меѓу младите, а дека  постојано расте и бројот на нововработени.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...