Влада: ВМРО-ДПМНЕ лаже, „Дура“ не е банкротирана компанија

859

ДУРА е веќе оперативна во нашата земја, ВМРО-ДПМНЕ да не ја лаже јавноста и да ги поддржи инвестициите кои вработуваат дури до 1000 наши граѓани, реагираше  Владата откако ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека власта денеска се пофали со банкротиран странски инвеститор во Македонија.

Инаку, денеска премиерот Зоран Заев и вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев на прес-конференција рекоа дека американската „Дура аутомотив системс“ донела одлука да отвори уште две фабрики во Македонија.

„Владата на Република Северна Македонија најостро ги демантира манипулациите на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ поврзани со големата инвестиција на компанијата „Дура“. Не се точни и целосно се манипулативни изнесените информации од страна на ВМРО-ДПМНЕ во кои се вели дека „Дура“ била банкротирана компанија. „Дура“ е компанија гигант која своите операции во Северна Македонија ги извршува преку британска холдинг подружница и во земјава веќе има оперативна фабрика во која ќе бидат ангажирани 1000 вработени. За повеќе информации и факти јавноста ќе биде информирана и директно од компанијата „Дура“, се наведува во реакцијата на Владата.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...