На 11 декември 2016 година на 73-годишна возраст, по кратко и тешко боледување, почина кралицата на ромската музика Есма Реџепова-Теодосиевска.
По цели две години од смртта на Есма Реџепова-Теодосиевска, нејзиното вечно почивалиште конечно доби споменик.
Легендарната кралица на ромската музика признаена ширум светот, конечно доби надгробен споменик и достоинствено одбележување на надгробното место.
Инаку, гробното место на Есма беше речиси необележано поради недоразбирања меѓу нејзините внуци и посвоените деца.
За време на својата 55-годишна кариера, Есма Реџепова-Теодосиевска има остварено повеќе од 12.000 солистички концерти во Република Македонија и надвор од неа.
Во дискографијата на Есма Реџепова-Теодосиевска се наведени 15 албуми за домашни и странски продуцентски куќи, а оствари соработка и со еминентни музички светски имиња.