Владата набавува гуми за своите стандардни, но и за блиндираните возила.
Според јавно достапната документација, објавена на електронскиот систем за јавни набавки, предмет на договорот е во два дела и тоа набавка на пневматици за стандардни моторни возила, чија вредност без ДДВ изнесува 700.000 денари и набавка на пневматици за блиндирани моторни возила, чија вредност без ДДВ изнесува 3.300.000 денари.
Вкупната сума на набавката е 4.720.000 со ДДВ или околу 77.000 евра.