Премиерот Зоран Заев најави дека Владата ќе ја разгледа можноста да се олесни регистрацијата на пензионерите и лицата кои примаат само плата за е-персонален данок.
– Се разгледува варијантата пензионерите и оние граѓани кои примаат само плата да не се регистрираат, односно да се искористат расположивите податоци, доколку тоа го дозволат европските препораки и искуства – рече Заев.
Според него, не треба да се дозволи половично решение на новиот систем, но и да не се нанесуваат непријатности на граѓаните.
– Се работи за нов систем кој треба да овозможи еднаквост на граѓаните. Да не користиме нешто што го имаме, па да додаваме нешто што немаме со што ќе добиеме половично решение. Немаме намера да им нанесуваме непријатности на граѓаните туку да ја олесниме работата – рече Заев.
Тој додаде дека треба да се обезбеди правичен и транспарентен систем
– Системот ќе оди он лајн полека и транспраентно за да имаме едно целосно решение на проблемот- рече Заев.
Министерот за финансии Драган Тевдовски, пак, рече дека Министерството е на став УЈП да се обиде да ги искористи сите механизми да им овозможи полесно регистрирање на ранливите категории на граѓани и посебно на пензионерите.