Владата со автономни мерки ќе ја штити економијата од Брегзит

160

Владата ја разгледа Информацијата за влијанието на Брегзит на македонската економија и донесе заклучоци со кои го задолжи Министерството за економија,  во соработка со Министерството за финансии и Царинската управа, до Владата да достават предлог на одлука за воведување на автономни мерки, со условна примена од 30.3.2019 година, информира Владата.

– Владата ги задолжи Министерството за надворешни работи и Министерството за економија до Владата на Република Северна Македонија да достават информација за третманот на македонските стоки при извоз во Обединетото Кралство во случај на „тврд Брегзит“ и за изнаоѓање на решенија за увоз без царини на производи со македонско потекло, стои во соопштението.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...