Владата пресече нема дозвола за рудникот „Иловица“

По истекот на задолжителниот рок за жалба од 15 дена, Владата еднострано ќе го  раскине Договорот за концесија со „Еуромакс Ресоурцес“ ДОО Скопје.

552

„Еуромакс“ ја изгуби можноста да копа злато и бакар во рудникот „Иловица“ во Босилево, откако Владата го одби нејзиното барање за дозвола за експлоатација на руда.

Како што е соопштено, компанијата не ги исполнила законските услови за вршење експлоатација.

Во информацијата која Министерството за економија, ја презентира пред Владата се  посочува дека е утврдено оти компанијата не ги доставила сите потребни документи кои се бараат согласно Законот за минерални суровини за добивање на дозвола за експлоатација.

По истекот на задолжителниот рок за жалба од 15 дена, Владата еднострано ќе го  раскине Договорот за концесија со „Еуромакс Ресоурцес“ ДОО Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...