Владата пренамени 121 милион денари за замена на трујачите на воздухот

462

Владата на денешната седница ја усвои Предлог – програмата за изменување на Програмата за намалување на аерозагадувањето за 2019 година, според која 121 милион денари од буџетот на оваа програма ќе се пренаменат за замена на постоечките нееколошки системи за греење во домаќинствата, градинките, основните и средните училишта, здравствените и административните објекти во најзагадените градови со горилници на плин, со АЦ инвертери, ВРФ системи и топлински пумпи.

Дел од овие средства, како што информира владината прес-служба, се наменети и за набавка на пречистувачи за воздух за градинките, училиштата и здравствените и административните објекти, како и за инсталирање филтри во малите и средни претпријатија кои испуштаат штетни материи во воздухот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...