Владата до утврдување на откупната цена не не планира да го субвенционира откупот на грозје како што тоа го стори лани. Министерот за земјоделство Трајан Димковски, како што изјави денеска, прво ќе ги убедува со винарниците да платат повисока цена за грозјето.
Лани, како што рече, за интервентната мерка биле потрошени 100 милиони денари.
– Не би размислувале за интервентна мерка затоа што се уште не е дефинирана крајната цена. Сакаме да имаме состанок со винариите, да видиме каков им е планот и да издејствуваме пазарот да го даде денарот – рече Димковски.
Од здружението на лозари од Кавадарци денеска побараа итно решение за зголемување на откупната цена, која според нивни информации ќе биде 11 денари за килограм грозје. Тие бараат цената да се утврди на иснос од 15 до 20 денари со што би им се покриле производните трошоци.