Владата побара ТАВ да ги забрза инвестициите

Како што соопшти владината прес служба, двете страни се согласиле дека во најбрз временски период треба да отпочне реализацијата на овие проекти.

460

Забрзување на процесот на реализација на новите инвестиции од 10 милиони евра што ТАВ ќе ги направи за модернизација на македонските аеродроми и за инвестиции од 35 милиони евра во инфраструктурни проекти, локални патишта, градинки, водоводи и канализации во висина, што произлегува како обврска на ТАВ од договорот за концесија, било договорено на денешната средба на премиерот Зоран Заев  со  извршниот директор на ТАВ, Сани Сенер и генералниот директор на ТАВ Македонија, Алп Ер Тунга Ерсој.

Како што соопшти владината прес служба, двете страни се согласиле дека во најбрз временски период треба да отпочне реализацијата на овие проекти.

На средбата беше потврдена одличната соработка со ТАВ којашто во иднина ќе се унапредува и продлабочува.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...