Владата на Косово на денешната седница го усвои нацрт-законот за задачите, одговорностите и надлежностите на државната делегација во процесот на дијалогот со Србија, јави дописникот на МИА од Приштина.
Премиерот Рамуш Харадинај изјави дека нацрт-законот не задира во надлежностите на претседателот на државата Хашим Тачи во дијалогот.
– Законот не навлегува во надлежностите на претседателот, туку само му дава законски основа на функционирањето на делегацијата – изјави Харадинај по владината седница.
Владата одлучи да издвои средства во вредност од 300.000 евра за потребите на преговарачкиот тим.