Владата соопшти дека наскоро ќе почне преговори со Грција околу изградбата на интерконективниот гасовод.
Како што е соопштено, на вчерашната седница Владата го усвои предлогот за поведување постапка за водење на преговори за склучување на Договорот меѓу двете земји и го овласти министерот за економија Крешник Бектеши, како шеф на делегацијата на нашата земја, да го парафира текстот на договорот по постигнувањето согласност на преговорите.