Министрите на денешната седница го прифатија предлогот за измени и дополнувања на Законот за трговија на предлог на Министерството за економија. Целта на Предлогот за измени и дополнувања на Законот за трговија е укинување на ограничувањата на времето на продажба на алкохолни пијалаци во трговијата на мало и на малопродажните објекти во кои тоа беше забрането со законот од 2008 година.
„Основните решенија на Предлог законот кој ќе биде доставен на усвојување во Собранието на РМ предвидуваат продажбата на алкохолни пијалаци во трговијата на мало и понатаму да се врши во лиценцирани продажни објекти, но при тоа нема да се бараат посебни услови во продажниот објект за продажба на алкохолни пијалаци, ниту ќе се ограничуваат малопродажните објекти во кои истата ќе се врши, односно ќе се дозволи продажбата на истите и во киосците. Исто така со Предлогот на закон не се ограничува времето за продажба на алкохолни пијалаци во малопродажните објекти во трговијата“, се наведува во соопштението од Владата.