Владата на Република Северна Македонија на денешната 126-та седница го разгледа и усвои Извештајот за извршени преговори и го прифати усогласениот текст на Договорот за намалување на цените на услугите за роаминг во мрежите за јавни мобилни комуникации во регионот на Западен Балкан, и го овласти министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски да го потпише на договорот за намалување на цените на роамингот на Западен Балкан, информираа од Владата.