Владата го менува Законот за преземање на акционерските друштва

Предложените измени и дополнувања на Законот за преземање на акционерските друштва имаат за цел да се прецизираат критериумите за заедничко дејствување.

207

Владата на денешната седница на предлог на Министерството за финансии го утврди Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за преземање на акционерски друштва, по скратена постапка.

„Предложените измени и дополнувања на Законот за преземање на акционерските друштва имаат за цел да се прецизираат критериумите за заедничко дејствување, како и известувањата до Комисијата во однос на заедничкото дејствување заради заштитата на малите акционери, да се поттикне тргувањето со хартии од вредност, и да се олесни постапката за преземање на акционерски друштва од страна на странски инвеститори“, појасни владината прес служба.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...