Вкусете го Тајланд во центарот на Скопје

Денеска и утре (23. и 24.10) во „Pastel Wine & Dine" имате можност да ја пробате тајландската кујна и да се уверите дека тајландската храна е и убава и вкусна, токму каква што ја подготвува и шеф Влатко Огненовски кој за ова се обучил на вистинското место - во Тајланд.

482
Тајландската кујна е една од најдобрите во светски рамки, а ја карактеризираат силни и лути зачини и добро избалансирани вкусови. Секое тајландско јадење мора да има четири видови на вкусови: солено, слатко, кисело и луто.
Најголемо влијание на специјалитетите на оваа земја имале Кина и Индија, но и соседните, Бурма, Лаос, Камбоџа и Малезија.

На жителите на Тајланд храната им е многу важна и тие немаат одредено време за јадење, туку јадат кога се гладни, а во готвењето се обидуваат да постигнат баланс помеѓу јин и јанг намирниците (намирници кои го загреваат и намирници кои го ладат организмот).

Доколку сѐ уште не сте имале шанса да ја пробате оваа кујна, денеска и утре во „Pastel Wine & Dine“, во центарот на Скопје ќе имате можност да ги пробате тајландските специјалитети подготвени од вештите раце на шеф Влатко Огненовски, кој тајландската кујна ја има совладано на Samui Institute of Thai Culinary Arts, на Тајланд.

Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...