Вкупно 90 лица загинале во сообраќајни несреќи во Косово од почетокот на годинава

46

Вкупно 90 лица го загубиле животот во 69 сообраќајни несреќи во Косово од почетокот на годинава до крајот на месец септември, објави денеска косовската полиција на промоцијата на проектот „Концентрирај се на возењето“.

Како што јави дописникот на МИА од Приштина, во истиот период се регистрирани вкупно 11.776 сообраќајни несреќи, а полицијата изрекла 305.863 казни.

Претставникот на полицијата Самедин Мехмети изјави дека Косово е второ во регионот, по Хрватска, по бројот на несреќи, со 7,8 на 100.000 жители.

Мехмети нагласи дека состојбата со безбедноста во сообраќајот годинава е видно влошена, со оглед дека во цела 2017 година загинале 42 лица, главно на возраст меѓу 20 и 30 години.

Во рамките на проектот „Концентрирај се на возењето“ полицијата ќе дели брошури за спречување на сообраќајните несреќи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...