Вкупно 718 понуди за закуп на државно земјоделско земјиште до три хектари

Од Министерството за земјодлество информираат дека рокот за поднесување на понуди заврши минатата недела, а сега е во тек евалуација односно проверка на докумeнтацијата на понудите.

50

Вкупно 718 понуди пристигнаа до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за учество на јавниот повик за давање под закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост до три хектари.

Од Министерството за земјодлество информираат дека рокот за поднесување на понуди заврши минатата недела, а сега е во тек евалуација односно проверка на докумeнтацијата на понудите. По 45 дена се очекува да се склучат договорите со оние земјоделци кои поднеле комплетна и уредна документација.

Со овој јавен повик за разлика од огласите за давање под закуп на државно земјоделско земјиште, Министерството им овозможи на сите заинтересирани доколку имаат информации каде има слободна земја, самоиницијативно да пројават интерес преку подготовка на геодетски елаборат и прибирање на сите потребни документи пропишани со јавниот повик.

„Преку ваквиот тип на јавен повик се спроведува политиката на ставање во функција на целото расположливо земјоделско земјиште, особено на оние парцели што не се атрактивни и што се со понизок квалитет од 4,5,6,7 и 8 класа, а кои што можат да се искористат за производство. Воедно, со овој јавен повик се создаваат поволни услови, сите земјоделци кои веќе се занимаваат со земјоделство, оние што сакаат да го прошират своето производство или да започнат агробизнис, да склучат договор со МЗШВ и да дојдат до земјиште“, појаснуваат од Министерството за земјоделство.

Повикот се однесуваше на целокупното земјоделско земјиште во државата или за 34 региони.

Земјиштето за кое што ќе склучи договор треба да се искористи за подигање на долгогодишни насади, оранжерии, долгогодишни насади со лешник, маслинарници, други земјоделски култури за период до 15 години, ливади за период до 15 години, за брзо растечки дрвја, за рибници и за спортско-рекреативни активности и рурален туризам.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...