Вкупно 4.510 фирми и граѓани ѝ должат на државата околу 163 милиони евра за даноци

На листата се најдоа државни претпријатија, но и преиватни компании, спортски клубови, како и  фирми во стечај.

697

Околу 163 милиони евра (10.006.432.444 денари) должат граѓани и фирми на државата за неплатен ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.данок. Ова го покажува последната Листата на должници  на Управата за ајвни приходи за долгови доспеани до 30.09.2019 и неплатени до 31.12.2019 година.

На листата се 1.995 должници – правни лица и 2.515 физички лица

Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 9.853.974.560 денари, додека долгот за царински давачки е 152.457.884 денари.

На листата се најдоа државни претпријатија, но и преиватни компании, спортски клубови, како и фирми во стечај.

И на оваа листата води Те-То со долг од 469.586.313 денари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...