Високи функционери на САД бараат од Трамп да го признае Гуаидо за привремен претседател на Венецуела

117
ФОТО: EPA / JUAN IGNACIO RONCORONI

Гувернерот на Флорида и дел од републиканските конгресмени од оваа американска сојузна држава побараа од претседателот Доналд Трамп да го признае Хуан Гуаидо за привремен претседател на Венецуела.

Гувернерот Рон ДеСантис смета дека „сега е моментот“ и оти лидерството навистина може да направи разлика за жителите на Венецуела.

ДеСантис и сенаторите Марко Рубио и Рик Скот побараа од Трамп да го засили притисокот врз Николас Мадуро.

Лидерите на опозицијата во Венецуела за денеска закажаа протести ширум државата.

ФОТО: EPA / JUAN IGNACIO RONCORONI

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...