Високи температури ја зафатија Северна Европа (ВИДЕО)

Во Финска силно е погодена северната провинција Лапландија каде горат и неколку пожари.

146

Суша и високи температури го зафатија целиот северен дел на Европа, јавија светските агенции.

Во Финска силно е погодена северната провинција Лапландија каде горат и неколку пожари. Во исто време продолжува да се шири и пожарот по нејзината источна граница, кој почнал од Русија.

Во Норвешка исто така се регистрирани многу високи температури. Во последните два месеци, мај и јуни, се регистрирани неколку рекорди. Мај беше најтоплиот месец во историјата на земјата, а во јуни температурите беа над нормалата за овој период од годината.

Во Шведска има делови каде воопшто не заврнало дожд во последните три месеци. Јули е најтопол месец во земјата во последните два и пол века. Шведска се бори против пожарите и побара помош од други земји. Најмалку 25.000 хектари веќе се изгорени или се уште горат.

This summer is so hot even the Arctic is on fire

Sweden, Norway, Russia and Finland are all affected. Read more: https://wef.ch/2Lx8efF

Posted by Save The Arctic on Сабота, 21 јули 2018

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...