Вирусот на западнонилска треска се рашири во нови области во Грција

Засегнати од вирусот се и општини во централна и северна Грција.

185

Од почетокот на неделата вирусот на западнонилска треска е регистриран во шест нови општини во Грција, со што бројот се зголеми на 39. Минатата година бројот на погодени општини беше 10.

Во Грција, од мај до денес, вкупно се регистрирани 77 случаи на западнонилска треска, од кои четири со смртен исход.

Повеќето случаи се регистрирани во западна Атика. Засегнати од вирусот се и општини во централна и северна Грција.

Преносители на вирусот на западнонилска треска са комарците.

ФОТО: Википедија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...