Изминатиот викенд, 22 и 23 декември, ВИП беше домаќин на Vip Game Fest 2018, најголемиот гејминг настан за оваа година.
Мини фестивалот на игрите се одржа во просториите на компанијата и понуди вистинска забава за сите гејмери.
Во квалификациските натпревари се сретнаа 756 натпреварувачи во Fortnite, Hearthstone и FIFA19 како главни натпревари. Подоцна им се пруклчија уште 260 кои на лице место се натпреваруваа во Tekken 7, rFactor, Board games, Magic: The Gathering, редење сложувалки и местење Рубикова коцка, за на крајот како шлаг да им се пруклучат и 26 косплеери кои се натпреваруваа преку креативно направени маски од херои и ликови – Cosplay.
„Натпреварувачите на видео игрите ги измерија силите играјќи непречено на супер брз и стабилен интернет на Vip. Сите натпревари беа покриени од коментатори за секоја игра посебно, стримани на сервисот на GG.MK, a пренесени преку најсовремената мрежа на Vip“, информира компанијата ВИП.
Наградниот фонд за натпреварувачите беше 4550 евра, а на публиката беа поделени преку 400 подароци во форма на маици, привезоци, акциони фигури од игри, ранци, торби, маус пади, мауси и тастатури, power bank-ови, усб стикови и мемориски картици, книги, стрипови и ваучери.
Во просториите на Vip продефилираа преку 5.000 посетители кои можеа да ги пробаат игрите, симулаторите и виртуелната реалност.
„Како компанија Vip се труди да биде постојано во чекор со времето и актуелностите на светската телеком сцена која го инкорпорира гејмингот како дел од поп културата, а гејминг заедницата во Македонија незапирливо расте. Ова беше придонес на Vip кон негување на оваа култура и ќе продолжиме да ја поддржуваме и унапредуваме“, се вели во соопшението.