„Виолин фест“ – фестивал на млади виолинисти

Организатор на „Виолин фест“ и оваа година е Владимир Костов, виолинист и концерт-мајстор на Македонската филхармонија

62

Во камерната сала на Македонската филхармонија вечерва од 20 часот ќе се одржи шестото издание на Фестивалот на млади виолинисти „Виолин фест“.

На ревијалниот концерт ќе настапат млади и талентирани виолинисти од музичките училишта од Скопје, Штип, Кочани, Прилеп и Косово, како и студенти од Факултетот за музичка уметност во Скопје. Тие ќе изведат композиции од Вивалди, Крајслер, Равел, Сарасате, Ваксман…

Организатор на „Виолин фест“ и оваа година е Владимир Костов, виолинист и концерт-мајстор на Македонската филхармонија, чија идеја е на едно место да се презентира талентот на младите виолинисти од цела Македонија.

– „Виолин фест“ наедно нуди и отворање на концертната сцена и претставување пред поширок аудиториум на младите музичари за кои музиката е вистински предизвик – соопшти Филхармонијата.

Оваа година младите виолинисти на сцената ќе бидат придружени од пијанистката Марија Вршкова.

Фестивалот се реализира во соработка со Музичката младина на Македонија и Министерството за култура.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...