Виолета Чаповска е добитник на Гран-при на 18. биенална изложба „Зимски салон“

132

Уметникот Виолета Чаповска е добитник на Гран-при наградата на 18-та биенална изложба „Зимски салон“ на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ), која официјално вечерва беше отворена во Чифте амам. Наградата се состои во двомесечен престој во ателје Париз и ја обезбедува Министерството за култура.

Чаповска (1967) е родена во Скопје. Дипломирала на Одделот графика на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје во 1991 година, а магистрирала на Универзитетот Кралски институт на технологија во Мелбурн во 1995 година. Таа работи со графика, перформанс, видео, текстил, фотографија и сајт специфична уметност. Има остварено многу самостојни и групни изложби, а нејзините дела се вклучени во многу приватни и државни колекции.

Наградата  ја додели националниот координатор за развој на културата Роберт Алаѓозовски. Добитничката Виолета Чаповска, кој во моментов е во странство, се обрати преку видео-конференциска врска. Наградата во нејзино име ја прими внуката Јана.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...