Вил Смит и Мартин Лоренс денеска почнаа со снимање на ново продолжение на „Лоши момци“, хит комедијата од 1995 година.
– Прв ден од снимањето на третиот дел, викендов ги гледавме и првите два. Ќе биде лудо – напиша Смит под сликата од нив двајцата што ја објави на Инстаграм.
Третиот филм ќе чини 100 милиони долари, а премиерата е закажана за јануари идната 2020 година.
ФОТО: Инстаграм