Вилата во Беверли Хилс во која Џенифер Анистон и Бред Пит живееле три години се продава за 56 милиони долари.
Оваа вила е изградена во 30-тите години на минатиот век кога архитектот Валас Неф ја дизајнираше оваа куќа за актерот Фредрик Марка и неговата сопруга Флоренс Елдриџ. Џенифер Анистон и Бред Пит ја купиле во 2001 година за 13 милиони долари, а во 2005 му ја продале на инвеститорот Џонатан Брукс.
Вилата се простира на речиси 1.115 метри квадратни, а се состои од четири спални соби, големи кујни и трпезарии, базен и тениско игралиште.
Славната актерска двојка куќата ја реновирала и направиле мермерен под и кујна со подно греење, приватна соба за прикажување филмови и дрвени подови во барска соба увезена од 200 години стар дворец во Франција. Сегашниот сопственик Џонатан Брукс направил тениско игралиште и одвоен кат за гости.