Србија не може да издвои 2,5 милиони евра за реновирање на вилата на Дедиње во која живееше Јованка Броз, па поради тоа објектот наскоро ќе биде понуден на продажба или ќе биде даден под наем, изјавил за „Вечерње новости“ директорот на Републичката дирекција за имот, Јован Воркапиќ.
– Можно е некој да ја изнајми вилата на подолг период, што би ги оправдало таквите вложувања, а тоа да му се одбива од киријата, до половина од вредноста на недвижноста – појаснил Воркапиќ и додал дека државата како сопственик има право да го прави со вилата она што мисли дека е најполезно.
Постојат неколку земји кои бараат токму вакви објекти за потребите на своите дипломатско-конзуларни претставништва. Поранешниот дом на вдовицата на Јосип Броз Тито, со површина од 750 квадратни метри, е во надлежност на српската Управа за општи добра на републичките органи, кои се грижат за тековно одржување и физичко-техничко обезбедување.
Куќата беше под клуч по смртта на Јованка Броз во 2013 година до годинава, додека траеше оставинската постапка. Накитот, облеката, фотографиите и државниот мебел биле складирани на друго место, за да не се уништеле.