Викторија Бекам ја најави новата козметичка линија

269
ФОТО: Инстаграм

Модната дизајнерка Викторија Бекам наскоро ќе ја претстави својата линија козметички производи и тоа го објави на Инстаграм и на својот Јутјуб канал.

– Сакам да се грижам за жените, како за нивната надворешност, така и за внатрешната убавина, така што ќе ги снабдам со потребните шминки, производи за кожа, аромати и витамини, за коишто чувстувам дека и јас имам потреба во мојот живот – изјави Бекам.

Ова  е прв таков проект на дизајнерката по оној во 2016 година кога ја претстави својата шминка во соработка со Есте Лаудер, инспирирана од нејзините омилени градови – Лондон, Лос Анџелес, Њујорк и Париз.

– Шминкерка сум од свои 18 години. Ги гледам моите слики и научив што одговара, а што не – нагласи таа.

ФОТО: Инстаграм

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...