Викторија Бекам со ново хоби

Откако ја заврши пејачка кариера, сопругата на Дејвид Бекам одлучи да стане дизајнер и создаде своја модна линија во 2008 година

1011

По летниот одмор со семејството на Бахамите, Викторија Бекам ги извести своите обожаватели дека во функција стави интерактивен сајт.

– Мојот нов веб сајт веќе е во живо. Толку се возбудувам затоа што досега е активен во над 100 држави. Се надевам дека ќе се забавувате. Кажете го вашето мислење, додава поранешната членка на групата „Спајс Грлс“, а сега моден дизајнер.

Таа веста за сајтот ја сподели преку Инстаграм по што доби бран коментари. Некои од нив се негативни, поврзани со фактот дека облеката што ја нуди е премногу скапа, а не за секој ден.

Друга и одговори: „Оваа жена е фантастична. Таа работи кул, за да се постигне тоа. Луѓето кои ја критикуваат, треба да престанат да и завидуваат и да пораснат”.

Членовите на групата „Спајс Грлс“ објавија дека се подготвуват за турнеја во Велика Британија во 2019 година, но без Викторија Бекам. Веројатно причината за ова е нејзината посветеност како дизајнер и стар конфликт со остатокот од бендот.

Откако ја заврши пејачка кариера, сопругата на Дејвид Бекам одлучи да стане дизајнер и создаде своја модна линија во 2008 година. Во моментов нејзините облека и додатоци се продаваат во над 500 продавници во 60 земји во светот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...